сабота, 19 октомври 2024

Заштедете енергија и пари со енергетски ефикасни прозори

Објавено на

часот

Сподели

Во време на глобална енергетска криза и сериозно зголемување на цените на енергенсите, штедењето енергија стана приоритет, па голем број семејства се во потрага по одржливи решенија кои долгорочно ќе им ги намалат трошоците. Замената на старите прозори со енергетски ефикасни рамки е инвестиција која на долг рок заштедува и енергија и пари.

Не е сеедно какви прозорски рамки ќе одберете. Нашата препорака се енергетски ефикасните алуминиумски прозори на интернационалната компанија „Алумил“, кои гарантирано ги намалуваат енергетските загуби. Освен што ги следат најсовремените архитектонски трендови, изработени се по највисоки стандарди со строга контрола на квалитетот и овозможуваат заштеда на енергија и до 50%. Портфолиото на компанијата вклучува голем број алуминиумски системи меѓу кои секој ќе најде опција според својот џеб и потреба.

Високи перформанси

Што значи „високи перформанси“ кога зборуваме за прозори? Значи повеќе нешта и сите се еднакво важни за подобар квалитет на животот – топлинска изолација, водоотпорност, воздушна пропустливост, отпорност на ветер, звучна изолација, овозможување максимум природна светлина и, конечно, заштита од обивање. Алуминиумските рамки на „Алумил“ не само што се одлични во однос на сите наведени ставки туку и истовремено овозможуваат висока естетика, целосно трансформирајќи го просторот. Широкиот избор на продукти е гаранција дека ќе го најдете она што го барате, без оглед за каков простор зборуваме – стан, куќа или деловен простор. Освен тоа, сите производи на компанијата се подложени на строги контроли на квалитетот, во соработка со признаени институти, за што поседуваат соодветни сертификати.

а

60% рециклиран алуминиум

Во „Алумил“ заштитата на животната средина не е само празна желба туку фокус околу кој се одвива стратешкото планирање на компанијата, која континуирано инвестира во одржлив развој и циркуларна економија. Еден од примерите за ова е инвестицијата од 4,6 милиони евра во нов погон за сортирање и преработка на отпадоци, благодарение на кој компанијата го зголеми рециклирањето на суровини и го редуцира својот енергетски отпечаток. Значи, како додаток на заштедата на енергија во домот до 30%, напредните алуминиумски системи на „Алумил“ се произведени од 60% рециклиран алуминиум, со што се заштитува околината и се штеди дополнително секој месец. За ова компанијата поседува и сертификат од TUV Австрија, кој го имаат само неколку компании во светот.

Придобивки од енергетската надградба

На крајот на 2020 година Европската комисија ја објави Агендата 2030. Една од целите е да се удвои стапката на реновирање на старите згради, со процена дека треба да се интервенира кај 35 милиони објекти. Ознаката на енергетската класа на објектот има значително влијание на вредноста на секој објект што се продава или изнајмува. Трансформацијата на зградите за домување во енергетски ефикасни објекти е дефинитивно влогот на времето во кое живееме, со повеќекратни придобивки за сите: значително намалување на трошоците за ладење и греење, видливо подобри услови за живот, поголема вредност на имотот при продажба или изнајмување и помал отпечаток врз животната средина.

Одлуката да инвестирате во енергетски ефикасните рамки за прозорци од „Алумил“ е најдобрата што можете да ја донесете за вашиот дом. Компанијата неодамна отвори нов изложбен салон, кој се наоѓа во индустриската зона во Кисела Вода. Ви препорачуваме да го посетите, затоа што така од прва рака и со помош на специјализирани консултанти ќе може да се запознаете со алуминиумските системи, да дискутирате за опциите и да ја најдете онаа што најмногу ќе ви одговара.

г
Во зградата на Google во Њујорк се вградени енергетски ефикасните алуминиумски системи на „Алумил“

 

                                                                                                                                               Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ