вторник, 22 октомври 2024

Заштедата од училишната кошничка достигна и до 2.000 денари, тврди Ристески

Заштеда од 750 до 2.000 денари по ученик од семејство овозможи таканаречената економска мерка училишна кошничка која заврши на 20-ти овој месец, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески и најави дека по завршувањето на есенската кошничка, Владата ќе излезе со официјални податоци колку пари заштедиле граѓаните по основ на овие две мерки за заштита на стандардот на луѓето предизвикан од економската криза и последните поскапувања.

Објавено на

часот

Сподели

„Со училишната кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20 – 50 отсто или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е од 750 до 2.000 денари. По завршување на есенската кошничка ќе излеземе со официјален податок колкава е заштедата на една просечна фамилија за основните прехранбени и земјоделски производи“, потенцира Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Училишната кошничка беше воведена на 3 септември како економска мерка, а опфати школски чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали,… Целта беше продажба на овие производи по прифатливи цени за потрошувачите.

Ристески најави дека по завршувањето на другата економска мерка есенската кошничка, Владата ќе излезе со официјални податоци колку пари заштедиле граѓаните по основ и на оваа економска мерки за заштита на стандардот на луѓето предизвикан од економската криза и последните поскапувања.

Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, а треба да трае до 31 октомври. Се однесува на основните прехранбени продукти како што се ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук и овошје,…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ