понеделник, 21 октомври 2024

Засега непознати сторители оштетиле агрометеоролошки мерни станици во Кавадарци

Објавено на

часот

Сподели

„Во кординација со Глигор Тодоров, претставник од Агро Вардар, извршена е замена на истите. Апелираме дека деловите кои се во состав на мерната станица, не можат да се искористат доколку не се во склоп на самата станица, со тоа не можат да бидат реупотребени“, соопштија од Општина Кавадарци. 

Оттаму апелираа со укажување, да не се врши оштетување и одземање на деловите од агрометеоролошките мерни станици, сѐ со цел подобро управување и читање на податоците.

Во февруари годинава општина Кавадарци постави 18 агрометеоролошки мерни станици на различни локации во кавадаречко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ