вторник, 22 октомври 2024

Заседава централно претседателство на ДУИ, решаваат за иднината на партијата

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица во тек е седница на Централното претседателство на партијата. Пред почетокот на седницата изјава даде портпаролот Арбр Адеми.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска ќе дискутираме за мерките, за политиките  кои би требало да се преземат. Во зависност од дискусиите кои ќе му ги пренесеме на американскиот експерт д-р Пол Вилијамс ќе ги конкретизираме и нашите понатамошни политички чекори. ДУИ е потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните. Ние продолжуваме со истите политики кои носат подобра перспектива за сите. Ние се залагавме и се залагаме за западната ориентација на нашата земја, а тоа беше и членството во НАТО и како втора стратешка цел останува членството во ЕУ, но исто така велиме дека ќе ги искористиме сите демократски механизми што ни се на располагање да се почитува волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори. Тоа значи дека Владата мора да го одрази меѓуетничкиот легитимитет“, рече Адеми.

Тој информираше дека на денешната седница ќе се разговара и за одбележувањето на 13 август, денот кога во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ