сабота, 27 јули 2024
Вицепремиерот наспротив ставот на Делегацијата на ЕУ

Заради Левица е ставено европско знаменце на предлог законите за коридорите и тоа сега го знае ЕУ, вели Маричиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што мислам дека треба отворено да си го кажеме, оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија. Сметаме дека тоа е нелегитимна блокада која ние на легитимен начин со инструмент кој ни е на располагање сакаме да ја заобиколиме и за тоа имаме основа и политичка оправданост“, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека знаат оти овие закони не се усогласени со некое европско акти, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај.

Инаку, Делегацијата на Европската Унија во земјава во петокот реагираше дека означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата

„Означувањето на закони со знаменце на ЕУ е насочено да помогне за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и затоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во конкретниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања“, рекоа од Делегацијата на ЕУ на прашање на МИА да дадат став за најавата дека законите за Коридорите 8 и 10д ќе бидат доставени во Собранието со европско знаме.

Од Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје потсетуваат дека употребата на брзи процедури треба да се ограничи и да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на ЕУ.

Што се однесува до Левица, од партијата не само што се категорично против измена на законите во функција на изградба на коридорите, која ја сметаат за коруптивна, туку и најавија бројни амандмани за да спречат донесување на некои од законите. Вчера лидерот на Левица Димитар Апасиев упати ново обвинување до валста.

„60 часовна работна недела не е ни африканска, а камоли европска вредност. Нека им објасни некој на лапниурдиве од СДС дека нè враќаат два века назад заради нивните договорени провизии“, реагираше Апасиев преку Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ