Во последно време, сè поголем број на фудбалери отворено говорат за анкциозност и депресија, последен кој го сподели своето искуство е Јан Мвила.
„Не можам да кажам дека парите не ви носат среќа бидејќи ви го олеснуваат животот, но парите не се сè“, вели поранешниот репрезентативец на Франција, кој сега настапува во Каен.
„Во тоа време, заработував 500.000 евра месечно, за два месеци имав 1 милион евра на сметка. Но, седев во соба, имав депресија. Парите не ми помагаа, имав панични напади, бев анкциозен. Дури не можев да се качам ниту во авион“.
„Се обидов со јога, пиев апчиња, навечер дури докторот ми „удираше“ инјекција за да можам да се смирам, да заспијам“.
Овие епизоди траеле месец-два, и се случиле во сезоната 2016/17, кога Јан Мвила беше дел од Рубин Казан.