сабота, 27 јули 2024

Започнува процесот на ревитализација на големите хидроелектрани, најави премиерот

Објавено на

часот

Сподели

Премикерот рече рече дека се работи за голем проект со кој ќе бидат опфатени хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје, Глобочица, Козјак и хидроелектраната Света Петка.

„Инсталираната моќност на овие хидро изнесува околу 85% од вкупната инсталирана моќност во хидроелектраните. Тие учествуваат со просечно производство од 1.280 гигават часови, односно обезбедуваат 20% од вкупното производство на електрична енергија “, рече Ковачевски.

Тој оцени дека овие хидроелектрани имаат значајно место во управувањето и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем во државата, во регулацијата на напонот и фреквенцијата, како и во покривање на „дневните пикови” во потрошувачката на електрична енергија.

Хидроенергијата, како еден од обновливите извори на енергија меѓу другите, е потребна за да се обезбеди доволно снабдување со електрична енергија за да се исполни растот на искористување на сопствените ресурси на земјата, рече Ковачевски и оцени дека е неопходно да се обезбеди секоја можност заради нестабилниот пазар на електрична енергија.

Освен обновата на машинскиот дел на овие капацитети, дополнителна придобивката од проектот е предвиденото зголемувањето на капацитетот на акумулацијата на Маврово што ќе обезбеди пораст на годишното производство на електрична енергија од околу 40 гигават часови, рече тој и пресмета дека таквото зголемено производство на енергија од водата значи заштеда од 36,4 илјади тони CO2.

„Затоа го стартуваме проектот за ревитализацијата на големите хидроелектрани. За да ја зајакнеме македонската енергетска стабилност и независност, преку континуирано производство на чиста, зелена енергија во земјата. Ова е во согласност со политиките и практиките на Европската Унија, како и во согласност со стратешките документи, односно со Оперативната програма на Владата на Република Северна Македонија за 2020 – 2024 година, во делот за енергетика. Вкупното време за имплементација на проектот се очекува да е од 2022 до 2026 година“, изјави премиерот.

Средствата за реализација на овој капитален проект во висина околу 29 милиони евра ќе бидат обезбедени од грантови и поволни кредити, како и од сопствените средства на Електрани на Северна Македонија.

Ковачевски рече дека новата фотонапонска електрана „Осломеј” ќе произведува чиста, домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Со оваа електрана освен што ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина, нагласи премиерот и додаде дека станува збор за прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка технологија во чиста технологија и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ