петок, 13 септември 2024

Започнаа засилените мерки на МВР за безбеден град Скопје

Вчера и денеска полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбедно Скопје при што на повеќе од 20 локации биле легитимирани 126 лица, кај 64 од нив бил извршен и преглед.

Објавено на

часот

Сподели

„Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли. Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба“, информираа од МВР.
Оттаму велат дека засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ