Договорот e во висина од 300.000 евра и ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување.
„Со ова и официјално започна имплементацијата на проектот Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија’ за кој средствата во висина од 55 милиони евра се обезбедени преку заемот од Европската инвистициска банка. Со заемот се опфатени сите општини кои со свои приоритетни проекти аплицираат до Министерството за нивна реализација“, велат од МЖСПП.
Имплементацијата на проектот за подобрување на водната инфраструктура, додаваат, се одвива со забрзана динамика и во нардните денови се очекува да бидат потпишани договори за јавни набаки со најповолни понудувачи за извршување на работите во уште неколку општини во државата.