четврток, 26 декември 2024

Започна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 ноември 2024 година“, соопшти Министерството.

За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата во сите отворени филијали и експозитури на банките ќе се спроведе во две групи  по распоред според првата буква од презимето.

Денеска, 5 ноември 2024, средствата ќе може да ги подигнат корисниците чиешто презиме почнува на: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, а утре, 6 ноември 2024, корисниците со презиме на: М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ