петок, 18 октомври 2024

Заплови првиот кинески крузер (ВИДЕО)

Првиот крузер изграден во Кина тргна денес во Шангај на своето прво патување. Ова го симболизира напредокот на земјата во секторот на бродоградбата, со кој доминираат европски компании.

Објавено на

часот

Сподели

Бродот Адора меџик сити, кој има 16 спрата, според државните кинески медиуми, исплови кон Јужна Кореја и Јапонија. Тежок е 135.500 тони и заеднички го нарачале компаниите Чајна стејт шипбилддинг корпорејшн и американската компанија Карнивал корпорејшн.

Бродот има повеќе од 2 ресторани и барови, затворен парк со палми, театар со речиси 1.000 места и трговски центар од 2. 000 квадратни метри и може да прими 5.246 патници, се наведува во соопштението на компанијата која го изградила ЦССЦ Шангај Ваигаокиао.

Замислен за кинеската средна класа, бродот има салон за играта махџонг и ресторан специјализиран за кинески фонду. Изградбата на бродот доцнела поради пандемијата на ковид-19.

Откако кон средината на декември во Хонг Конг на странските новинари им го претстави својот најголем патнички авион од сопствено производство Ц 919, Кина продолжува да ја спроведува својата стратегија на еманципација од странските технологии.

Сепак, многу делови на овој крузер потекнуваат од странски доставувачи. Марко Скопаз од Лојдовиот регистар смета дека Кина во иднина има изгледи да изгради сопствен добавувачки ланец. Бродот е „почеток на брзиот и неизбежен развој на земјата во проектирање и изградба на крузери“, смета тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ