четврток, 23 мај 2024

Запленетото западно оружје во Украина изложено во Москва (ФОТО+ВИДЕО)

Западните тенкови и воена опрема кои руските сили ги запленија во Украина завршија на изложба во Москва за која руската војска порача дека покажува дека западната помош не може да спречи руска победа во конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русите во долги колони поитаа на сончевиот Меѓународен ден на трудот на влезот на изложбата „Трофеите на руската војска“, кој се одржува пред музејот на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Историјата се повторува“, соопшти руското министерство за одбрана со потсетување дека Советскиот Сојуз во 1943 година организирал изложба на запленети германски тенкови и воена опрема.

Изложбата во Москва, на која се прикажани американски, германски, француски и други западните тенкови испратени во Украина, се случува само неколку дена откако Соединетите Американски Држави изгласаа нов пакет помош за Киев вреден 61 милијарда долари. Изложбата е организирана во време кога Русија напредува на истокот на Украина, додека Киев се жали дека нема доволно муниција и војници.

Во Паркот на победата во Москва се изложени и британски и австралиски оклопни возила заробени во Украина, со воена опрема произведена во Турција, Шведска, Финска и Чешка.

Првиот канал на државната телевизија на Русија пренесе дека ѕвезда на изложбата е запленет американски борбен тенк М1 Абрамс, кој руските сили го онеспособиле на истокот на Украина.

 

Зборувајќи од тенкот „Абрамс“ со микрофон“, новинарот кажа дека Американците го промовираат тенкот како „неуништливо чудесно оружје“. „Но, сето тоа е бесмислица, погледнете го ова, неговата репутација е уништена“, кажа рускиот новинар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ