„Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.И.(54) од селото Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 5.880 парчиња разновидни пиротехнички средства. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“.