МВР денеска соопшти дека полицијата запрела и извршила контрола на автобусот со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, а управуван од турски државјанин.
„По контрола над багажот на патниците во автобусот, кај лицето К.Г.(49) од Република Турција биле пронајдени 30 штеки цигари. Бидејќи станува збор за царински прекршок, известена е екипа на Мобилна царина за понатамошна постапка“, појаснуваат од МВР.