петок, 26 јули 2024

Запленета „нарко подморница“ во Колумбија (ВИДЕО)

Колумбиската морнарица запленила вчера во Тихи Океан подморница натоварена со 795 килограми кокаин, што е прво пресретнување на „нарко подморница“ оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Подморницата долга 15 метри била на пат кон Централна Америка кога ја пресретнале колумбиски маринци.

Морнарицата објави снимка од операцијата на запленувањето на која се гледа како офицер ги сече пакетите и ја испитува нивната содржина.

Трите лица кои управувале со подморницата се уапсени, а осомничените и дрогата се префрлени во пристанишниот колумбиски град Буенавентура. Властите не објавија информации за уапсените.

Во подморницата имало десетици пакети скриени скриени во различни прегради на пловилото, а на крајот биле измерени околу 795 килограми кокаин, чија вредност е проценета на околу 27 милиони долари.

„Подморниците за дрога“ се популарни меѓу трговците со дрога бидејќи потенцијално можат да избегнат откривање од страна на крајбрежната стража или другите власти. Овие пловила никогаш не одат целосно под вода и често се фатени во колумбиските води на пат кон Соединетите Американски Држави или Европа.

Колумбиската морнарица соопшти дека пресретнала вкупно 20 полуподморници во 2023 година, што резултирало со запленување 30 тони кокаин и повеќе од пет тони марихуана.

Во мај 2023 најголемата „нарко подморница“ била пресретната во Колумбија со три тони кокаин. Колумбиската морнарица соопшти дека „ќе продолжи да ги распоредува своите логистички и оперативни капацитети за да се справи со трговците со дрога во колумбискиот Пацифик“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ