сабота, 27 јули 2024

Запалени возила во Крива Паланка и Кичево

Вчера било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на В.Е. (63). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кичево. Извршен бил увид.

Објавено на

часот

Сподели

И во Крива Паланка гореше возило на улицата „Баглачка“. Гореше патничко моторно возило „форд фокус“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на М.С. (56) од Крива Паланка. Пожарот бил изгаснат од екипа на  Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица нема. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид на место на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ