„При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава. Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја“, информираа од претпријатието.
Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата.
„Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот“, додадоа од претпријатието.
Чадот што се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево.