сабота, 27 јули 2024
Подметнувачот на пожарот засега не се знае

Запалена депонијата „Буково“ кај Охрид, кривична ќе има ама против непознат сторител

Пожар ноќеска е подметнат од страна на непознат сторител на депонијата за одлагање цврст отпад „Буково“ кај Охрид.  Кривична пријава ќе има, но идентитет на оној кој го подметнал пожарот полицијата нема.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од ЈП „Охридски комуналец“, екипи на претпријатието веднаш биле испратени на терен, каде се преземени сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на пожарот.

„Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја“, велат од „Охридски комуналец“.

За инцидентот се известени и во СВР-Охрид, од каде ќе биде поднесена кривична пријава за подметнат пожар од непознат сторител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ