„На 9 август2024 во 3:05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизорите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Запален мерцедесот на Драги Митковски, десната рака на Арсовска
Засега непознати сторители синоќа во скопската населба Ѓорче Петров го запалиле возилото на сметководителот Драги Митковски, соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска и кандидат за пратеник од партијата на Арсовска на последните парламентарни избори. Возилото од марка мерцедес било регистрирано на фирмата на Митковски.
Објавено на
часот