Станува збор за пластичен контејнер со зафатнина од 3,2 кубни метри што како последица од опожарувањето е комплетно уништен и неупотреблив. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување, како и рачно миење на микролокацијата и во текот на минатата ноќ го заменија опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот. За случајот се известени и надлежните органи, соопшти ЈП Комунална хигиена – Скопје.