понеделник, 13 мај 2024

Западот ја бара „слабата точка“ на Русија: Паниката се зголемува

Украина и Западот ќе ја бараат „слабата“ точка на Русија, главна работа е што Москва не ја покажува, смета портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Фактот дека таа страна – мислам на „колективниот Запад плус еден“, така би ја нарекол таа страна – дека таа страна ја бара нашата слаба точка, тоа е јасно. Најважно е никогаш да не ја покажеме слабата точка“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за телевизијата Русија 24.

Според него, расте паниката на украинската страна на фронтот.

„Сите имаме долгогодишни пријатели, роднини на пријатели и така натаму, тие се на првата линија на фронтот. Некои од нив доаѓаат на одмор и разговараат (што се случува таму), некои тоа го прават на телефон, со писма“, истакна портпаролот на Кремљ.

„И оваа информација е од прва рака, сега ни е многу важна паниката, таму од другата страна паниката расте. За нас сега е многу важно да ја одржиме оваа динамика. Многу е важно да не запреме и да продолжиме со спроведувањето (на задачите)“, додаде Песков.

Кремљ верува дека судбината на украинскиот претседател Володимир Зеленски е однапред одредена.

Дмитриј Песков најави дека Вашингтон продолжува да „долева масло на огнот“, но исходот од конфликтот во Украина е извесен – Русија ќе победи.

Прес-секретарот на рускиот претседател предупреди и дека порано или подоцна специјалната операција ќе заврши со успех на Русија, но европските земји ќе мора да преговараат со Москва за нов модел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ