сабота, 21 декември 2024

Западноафриканскиот блок: Спремни сме воено да интервенираме во Нигер

Објавено на

часот

Сподели

Комесарот на ЕКОВАС за политички прашања, мир и безбедност Абдел Фатау Муса ја обвини хунтата која го симна од власт претседателот Мохамед Базум на 26 јули дека „играат мачка и глушец“ со блокот бидејќи одбиваат да се сретнат со претставниците и бараат оправдувања за преземањето на власта.

„Воените и цивилните сили на западна Африка се спремни да одговорат на повикот на должност“, им кажа Муса на присутните лидер на одбранбените штабови од државите членки. Ги наброја претходните распоредувања на ЕКОВАС во Гамбија, Либерија и други земји како примери за спремноста.

„Ако дојде до критична точка, одиме во Нигер со наши сопствени контингенти, опрема и ресурси за да бидеме сигурни дека ќе го вратиме уставниот поредок. Ако други демократски партнери сакаат да нè поддржат, добредојдени се“, кажа тој.

Муса остро ја критикуваше објавата на хунтата дека има елементи за судење на Базум кој се наоѓа во притвор поради обвинувања за предавство. Обединетите нации, Европската Унија и ЕКОВАС изразија загриженост поради околностите во кои е притворен.

„Иронијата е во тоа што некој кој е и самиот заложник е… обвинет за предавство. Кога го извршил велепредавството, тоа само може да се нагаѓа“, кажа Муса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ