„Сношти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ги испрати пилотите и придружниот воздухопловен персонал – тим од Словенија со хеликоптерот марка кагуар, коишто помогнаа до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија. Притоа, Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава. Во таа пригода им врачи благодарници и скромен подарок за спомен на нивниот престој во Македонија“, соопштија од ЦУК.
Тимот од Германија доби благодарници и подароци, а беше исратен и од германската амбасадорка.
„Ангелов, заедно со амбасадорката Петра Дрекслер, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим од Германија кои со двата ер трактори помогнаа во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија. Притоа, Ангелов, искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава.
Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка согласно можностите и потребите на двете земји при справувањето со кризните ситуации во наредниот период“, соопштија од ЦУК.
Претходно замина и тимот од Кипар кој гаснеше со два ер-трактори. Заминаа и српските тимови кои во два наврати гаснеа со моќни хеликоптери, заминаа и романците кои гаснеа со огромен авион, замина и 50-члениот тим од Унгарија со шест возила…
Во Македонија утрово активни се 12 пожари на отворен простор, меѓу кои „монструмиот“ кај Јасен, каде 27 дена гори густа шума, а активен е и пожарот на Галичица. За сосојбите видео изјава од раководителот за противпожарна заштита во Националниот парк Галичица, Ѓуро Јовчески.