петок, 26 јули 2024

Заменикот Адеми вчера итно ја закажа, а денеска ја одложи седницата за избор на претседател на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

Адеми појасни дека за ова се одлучиле членовите на Советот, бидеќи станува збор за мошне важна за работа, за која се согласиле дека е потребно присуство на сите 13 членови, а за одложувањето гласаа осум, а четири членови беа против.

„Денеска беше закажана 439 седница, но веќе дебатиравме дека кога се прави избор на претседател на Судски совет, добро е и пожелно сите 13 члена да бидат присутни и Советот да биде во полн состав. Но, од оправдани причини еден член на Судскиот совет не е присутен и сите се согласуваме дека кога имаме ваква важна точка треба да сме сите присутни и од тие причини предлагам да се одржи за 2 мај“, изјави на седницата заменик-претседателот.

Тој не даде изјава за новинарите, кои побараа појаснување на забелешките на невладините и експертите дека вчерашното разрешување на Дамева е незаконско и против процедурите и Деловникот, а не одговори ниту како вчера за разрешувањето не се барало присуство на сите членови, а денеска за изборот на нов се бара.

Адеми во присуство на Дамева, по неколку часа тензии и караници на седница во Советот вчера го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за нејзино разрешување со кревање рака. За разрешувањето на Дамева гласаа седум членови – Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска, по што заменик-претседателот констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата и ја закажа денешната за избор на нов претседател.

Разрешувањето на Дамева предизвика реакции во јавноста и кај експертите во правосудството дека всушност станува збор за непочитување на процедурата и Деловникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ