сабота, 19 октомври 2024

Замената на возачките и сообраќајните дозволи не е сосема бесплатна, велат од МВР

МВР денеска соопшти дека замената на возачките и сообраќајните дозволи кои го содржат името Република Македонија, а се со рок на важност, при нивната замена граѓаните сепак ќе треба да платат за административни трошоци.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името Република Македонија кои уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името Република Северна Македонија и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година.

Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ