сабота, 27 јули 2024
На обвинителски форум во Будва

Законски ни се ограничи борбата со корупцијата, кажа Коцевски пред врховни и специјални обвинители од регионот

Главниот државен обвинител Љупчо Коцевски, Ленче Ристоска, јавен обвинител за врски со Еуроправда и поранешна специјална обвинителка, како и Ислам Абази, обвинителот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, учествувале во Будва на консултативниот форум на државни обвинители и обвинители од специјализираните обвинителства за гонење организиран криминал и корупција од земјите од Западен Балкан. Тие, меѓу другото, посочиле на проблемот со законските измени со кои се ограничуваат директните механизми за справување со корупцијата.

Објавено на

часот

Сподели

Средбата беше во организација на црногорското Врховно државно обвинителство и Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан.

„Кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои ги разјадуваат општествените ткива на нашите држави, предизвиците не се ниту малку на број, ниту пак лесни за справување“, кажал Коцевски, како што е наведено во соопштемнието од македонското обвинителство.

Тој посочил на недостиг на материјални и кадровски ресурси, но и на законските измени со кои се ограничуваат директните механизми за справување со корупцијата, преку намалување на санкциите, а со тоа и на роковите за застареност на најважните коруптивни кривични дела..

Меѓу напорите кои македонското обвинителство ги вложува во овие области, тој ги наведе истражните центри во скопското, тетовското и кумановското обвинителство, како и во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јакнењето на капацитетите за финансиски истраги, плановите за дигитализација и за јакнење на транспарентноста на обвинителското постапување.

„Меѓутоа, и покрај сите овие напори тешко би дошле до вистински резултати во борбата против организираниот криминал без ефикасна меѓусебна соработка. Сторителите на кривични дела лесно ги прошируваат и префрлаат своите дејствија од една во друга држава со што се обидуваат да го избегнат кривичниот прогон. Наша обврска како истражни органи е да им застанеме на патот, а најефикасно оружје за таа цел е нашата меѓусебна координација. Како јавни обвинителства имаме обврска да ги негуваме и дополнително да ги развиваме можностите во оваа насока, особено во нашиот регион“, кажал Коцевски.

Во Будва Коцевски имал одвоени средби со претседателот на Европравда, Ладислав Хамран, како и со црногорскиот врховен државен обвинител, Милорад Марковиќ.

Инаку, поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) своевремено учествуваше на овие средби во Будва и беше посочувано како добро организирано, екипирано и опремено специјално обвинителство со тогаш најдобра во регионот комуникација со медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ