Извршниот директор на Мета Марк Закерберг соопшти дека ќе ги отстрани факт чекерите (тимовите кои досега ги проверуваа „фактите“) и ќе ги замени со таканаречени „белешки на читатели“, кои ги генерираат корисниците. Таков систем се користи на социјалната мрежа Икс.
„Ќе се вратиме на нашите корени и ќе се фокусираме на намалување на грешките, поедноставување на политиките и враќање на слободното изразување на нашите платформи. Поточно, ќе се ослободиме од проверување на фактите и ќе ги замениме со белешки на заедницата, слично како на Икс, почнувајќи од САД“, кажа Закерберг во видео-порака.
🚨 BREAKING: Mark Zuckerberg announces sweeping changes to Facebook and Instagram to move toward Free Speech including:
-Ending Third-Party Fact Checking and Replacing it with Community Notes like 𝕏
-Removing Reduction of Political Content
-Lifting Topic Restrictions pic.twitter.com/9Y2DVQSrpk— Benny Johnson (@bennyjohnson) January 7, 2025
Компанијата не планира да ја прекине проверката на фактите во Европската Унија, објаснуваат на прашањето на бриселскиот портал Политико, и ќе ги прегледаат своите обврски за модерирање на содржините во ЕУ пред да внесат измени.
Овој потег доаѓа во момент кога Мета и другите технолошки гиганти се обидуваат да се прилагодат на новата администрација на новоизбраниот американскиот претседател Доналд Трамп. Мета постави и долгогодишен републиканец на чело на глобалната политика – сојузникот на Трамп Дејн Вајт ќе биде во управниот одбор.
Фејсбук го почна својот систем на проверка на фактите со надворешни партнери во декември 2016, како одговор на растечките критики за улогата на компанијата во американските избори кои ја донесоа првата победа на Трамп.
Другите платформи, како Твитер, исто така почнаа да користат надворешни проверки на фактите, сè додека милијардерот Илон Маск не ја купи платформата во 2022. Тогаш беше воведена функцијата со која корисниците, наместо надворешни проверувачи, можат да додаваат коментари на заедницата на популарните постови.