вторник, 22 октомври 2024

Закерберг: Поради Бајден моравме да ги цензурираме информациите за ковид, дури и сатирата

Извршниот директор на Мета платформата Марк Закерберг кажа дека високи функционери во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вршеле притисок врз неговата компанија за време на пандемијата да ги цензурира содржините поврзани со ковид-19, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Закерберг на 26 август му пишал на правосудниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес дека му е жал што порано не прозборел за оваа ситуација, како и за некои одлуки кои ги донел како сопственик на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, кои се поврзани со отстранување содржини.

„Во 2021 високи функционери од администрацијата на Бајден, вклучувајќи ја Белата куќа, постојано со месеци вршеа притисок врз нашите тимови да цензурираат одредени содржини поврзани со ковид-19, вклучувајќи ги хуморот и сатирата, и беа многу фрустрирани кога ние пруживме отпор“, напиша Закерберг во писмото кое одборот го постави на својата страница на Фејсбук.

„Сметам дека ваквиот притисок на властите е погрешен и жал ми е што не бевме поотворени околу тоа. Исто така мислам дека донесовме некои одлуки кои, со стекнатото искуство и знаење, денес не би ги донеле“, додаде тој.

Закерберг писмото му го упатил на републиканецот Џим Џордан, претседателот на одборот. Одборот на Фејсбук наведе дека ова писмо е голема победа за слободата на говорот и дека Закерберх признал дека Фејсбук ги цензурирал Американците.

Извршниот директор на Мета во писмото навел дека за време на годинешните претседателски избори нема да дава донации на изборната инфраструктура. За време на претходните избори, во 2020, Закерберг преку иницијативата Чан Закерберг донирал 400 милиони долари на изборната инфраструктура, поради што беше на удар на критики.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ