недела, 27 октомври 2024
Познат е датумот за „Последниот танц“

Закажан е спектаклот кој го чекаат сите: Меси ќе му гостува на Роналдо во Ријад!

Светот сепак ќе ги види Лео Меси и Кристијано Роналдо еден против друг, Интер Мајами потврди дека ќе има турнеја во Саудиска Арабија, каде ќе одигра натпревари против Ал Наср и Ал Хилал.

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот месец беше најавено соочување помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо, пресметката помеѓу двете најголеми имиња на денешницата беше наречена „Последниот танс“.

Сепак, кратко потоа пристигна демант, Интер Мајами објави дека нема ништо од ова.

Но очигледно парите си го направија своето, па клубот од САД сега објави дека ќе има турнеја во Саудиска Арабија и љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во надмудрување помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Интер Мајами на 29. јануари ќе ги одмери силите против Ал Хилал, када настапуваат Александар Митровиќ, Милинковиќ Савиќ, Рубен Невеш, Калиду Кулибали, Малком и Нејмар, кој е повреден и нема да биде во комбинација.

Два дена подоцна, односно на 1. февруари е пресметката помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо, односно Интер Мајми ќе тестира со Ал Наср.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ