сабота, 27 јули 2024

Заканите со бомби во Охрид и Кратово се лажни, соопшти МВР

Вработена во кабелски оператор во Кратово денеска околу 10.30 часот во СВР Куманово пријавила дека преку смс-порака добиле закана за поставена експлозивна направа. И во Охрид се добиени закани за поставени бомби во едно училиште, во два деловни објекти и во такси здружение.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава во Кратово, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Во Охрид во полицијата заканите со бомби биле пријавени околу 10 часот, а по деталните проверки било констатирано дека се работи за лажни пријави.

„СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. СВР Охрид, во координација со јавен обвинител, по целосно расчистување на настаните, ќе поднесе соодветни пријави“, стои во соопштението.

Цел на заканите од непознати лица биле деловни објекти во индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта и во еден објект на Основното училиште „Братство единство“. Вработените биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. Евакуирани биле и уенииците.

„Во координација со јавен обвинител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ