сабота, 27 јули 2024

Закани кон градоначалникот Митко Јанчев, сторителот заврши во полициска станица

Кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Полицијата го фати и го лиши од слобода. Инцидентот се случил во угостителски објект.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, е официјалната информација од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ