сабота, 27 јули 2024

Зајкова: Всушност, ЛДП треба да е предводник на европскиот фронт

Либерално демократската партија всушост треба да биде предводник на евроската коалиција на претстојните избори со оглед на тоа што најотворено и најжестоко во континуитет се бори за европските вредности, изјави вечерва во гостување на ТВ Сител претседателката на партијата, Моника Зајкова одговарајќи на прашањето за денеска објавената одлука на ЛДП за преговори за заеднички изборен настап со европската коалиција.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов согласно сите проценки и анализи нема опција за самостоен настап, меѓутоа како претседателка на ЛДП сум овластена да водам преговори со сите партии со кои навистина гледаме дека ќе се борат за прогрес на земјата и за брзо членство во Унијата“, рече Зајкова.

Таа истакна дека се надева оти во иднина поголемите партии ќе се одважат на барањето за една изборна единица, со цел фер да се борат за застапеноста.

„ЛДП неодамна имаше тематска конференција и слоганот ‘Секој е важен’ стана како општо прифатен политички слоган. Гледате по нас и ВМРО објави слоган ‘Важно е’. Во рамки на таа конференција беа излистани и приоритетите кои ќе ни бидат како црвени одредници за идното коалицирање“, рече претседателката на ЛДП, осврнувајќи се на претстојните преговори со идните коалициони партнери во однос на програмата за претстојните избори кои покрај евроинтеграциите ги зафаќаат и сите сфери.

Зајкова потенцираше дека без оглед на тоа кој ќе ја формира следната влада мора да се најде заедничко решение за тоа како државата ќе се движи напред бидејќи, нагласи, веќе не е прашање дали ќе биде ВМРО, ЛДП или СДСМ, туку е прашање на иднината на Македонија.

„Државата демографски старее, луѓето ни одат надвор и ние некако цело ова прашање го претворивме во прашање за Бугарија, наместо во прашање што ќе добие Македонија од членството во Европската унија“, истакна Зајкова.

Таа нагласи дека Бугарите од самиот почеток посочувале дека ние нема да го промениме Уставот, а опозицијата, како што рече, им даде аргумент плус дека се во право.

Осврнувајќи се на најавената Иницијатива за отповикување на градоначалници, Зајкова истакна дека Централниот одбор на партијата донел заклучок со којшто ги овластил општинските организации да започнат да собираат потписи од граѓаните.

„Станува збор за иницијатива којашто треба да овозможи поголема вклученост на граѓаните бидејќи тие се вклучени во изборот на градоначалникот, меѓутоа натаму немаат никакви ингеренции доколку градоначалникот не ја врши својата работа онака како што им ветил на граѓаните“, посочи Зајкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ