четврток, 29 февруари 2024

Зајкова предлага да се забрани Тикток и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство

Објавено на

часот

Сподели

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските  на убиените лица и ги осудам крвавите масакри во Србија. Оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени“, истакна таа.

Либерално-демократската партија, како што информираше, има низа предлози кои ќе ги достави и до Владата.

„Иницијативите се однесуваат  на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи“, информира ЛДП.

Министерство за правда да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес.

„Особено е потребна е забрана на Тикток како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство. Исто така, преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството“, рече Зајкова.

Таа  напомена дека ова нема да значи цензура на уметноста. Имаме примери европа – Франција формираше Комисија за категоризација на филмови, која годишно прегледува околу 600 филмови, и проценува дали содржината на филмот, па дури и анимираните филмови, не се штетни за децата и не поттикнуваат насилство кај децата, укажа Зајкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ