сабота, 21 декември 2024

Зајкова: Ќе останеме ли во чекалната на ЕУ во која поминавме 17 години?

Објавено на

часот

Сподели

„Секој ден вознемиреноста на граѓаните е се поголема, а причината за тоа сме  сите ние  120 пратеници. Затоа што дозволивме наместо решение на проблемот, во нас да гледаат – проблем. Со нашиот вокабулар, со поделбата на предавници и патриоти, со одвлекување на вниманието од реалните проблеми“, додава таа.

Зајкова истакна дека претставниците на опозицијата ги манипулираат граѓаните, а се претставуваат како нивни бранители и спасители од Албанците или од Македонците, од Грците, од Бугарите, од Србите, од Турците, од Американците и кој знае до каде ќе оди списокот кој што постојано, за интерни, тесно политички интереси се продолжува, зависно од моменталните потреби.

„И пријателите и непријателите ги создаваме сами. Така е и во приватниот живот така е и со државата. Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се и ќе те остават без покрив над главата, е само израз на сопствената несигурност, немање самодоверба и неспособност да создаваш пријатели. Така е и со идентитетот. Тоа е нешто што генерации зад тебе го создавале, а ти и да сакаш не можеш да го избришеш, уште помалку тоа може да го направи некој друг во твое име“, рече Зајкова.

Таа прашува кој е ставот на опозицијата? Што тие ќе направат по изборите, ако до ноември не се создадат услови за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ? Повторно ли ќе не внесат во чекална, во која поминавме 17 години. Дали тоа нема да не чини изгубени генерации?

„Кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. И тогаш, со донесување на тешки, но рационални одлуки, повторно од страна на партиите кои седат во ова мнозинство. Благодарение на тие одлуки се случи безвизниот режим со земјите членки на ЕУ. Сега лесно се патува во ЕУ, се отворија можности за студирање на нашите млади луѓе на престижни универзитети надвор од земјата, можности за вработување и поддршка на своите дома, овде во државата, за стекнување на нови искуства и вештини. Се отворија европските фондови од кои што се финансираа и се уште се финансираат огромен број на проекти во сите општини и во кои што се ангажирани многу млади и паметни луѓе, кои што на тој начин си ја обезбедуваат егзистенцијата овде, во државата. На нас останува да ги носиме одлуките, а не да бегаме од нив. Да бидеме дел од процесот кој ќе ја движи нашата држава напред и ќе и овозможи развој и прогрес во европското семејство, бидејќи тоа е нашата иднина“, заклучува претседателката Зајкова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ