сабота, 27 јули 2024
Годишнината на партијата одбележана во Карпош

Зајкова: 26 години ЛДП учествува во носењето на клучни државнички одлуки

Објавено на

часот

Сподели

„За мене претставува исклучителна чест што токму во мојот мандат, општинската организација во Карпош добива нова организациона структура, со нови членови кои заедно со сегашните членови ќе направат истата повторно да стане една од водечките општински организации на нашата партија“, рече Зајкова и се заблагодари на основачите и членовите на партијата за нивната истрајност, визија и желбата за општествени промени.

Таа му честита на новиот општински претседател на Карпош Филип Филиповски Ипи и му порача дека време е после повеќе од 10 години либерал-демократите да имаат огранок во оваа општина.

 

Според неа, ЛДП останува партија која се залага за транспарентно работење, почитување на човековите слободи и права, инклузивност при работењето и носењето на политики, и силно залагање за интересите на сите граѓани во нашата држава. 

 

„ЛДП преку своите членови и општински организации ќе биде најгласниот протагонист за ефикасно справување со корупцијата. Уште еднаш потсетувам дека за личности чиишто намери се богатење на грбот на граѓаните, нема место во ЛДП. Преку нашите национални и локални политики ќе бидеме стимул во обезбедувањето на стабилност, економски развој и можности за младите. Енергетска транзиција, чисти и зелени локални самоуправи. Институции и општини кои ќе бидат брз и ефикасен сервис на граѓаните. Децентрализација, ИТ номади, развој на спортот, развој на претприемништвото и  можности за слободно здружување. Ќе бидеме чувар на општините, чувари на позитивните вредности во кои партиската книшка, неквалитетот и стереотипите ќе останат практики од минатото“, заклучи Зајкова.

 

Таа додаде дека ЛДП ја гледа како сериозен политички фактор без кои не би можела да се формира ниту една Влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ