„Сите тие наводни митинзи, не се никакви митинзи туку просто изнесување луѓе на улиците за да се остварат цели кои не се во согласност со демократските процеси и со цел промовирање на западните интереси со помош на антиуставни средства кои противречат на внатрешните закони. Сето тоа кажува дека Западот има огромна желба на Балканот да се спроведе Мајдан, а каде тоа води најдобро може да се види на примерот на Украина, како модел што не треба да прави ни народот ни државата“, кажа Захарова на брифинг за новинарите.
Како што истакна, „народот на Србија сè ќе реши сам“.