недела, 19 мај 2024

Захарова за Зеленски: „Изјавата за украинското знаме на Божјото рамо покажува дека се предозирал“

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени денес дек зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за украинското знаме на Божјото рамо покажува дека тој се „предозирал“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа во интервју за Известија изјавата на Зеленски дека Бог на рамото носи амблем со украинско знаме го смести во доменот на фантазијата.

„Знамето на рамото на Бог е нешто од категоријата на ритуалите на старите Украинци во регионот Месопотамија во периодот на нивното откритие на Америка. Предозирање“, кажа Захарова.

Претседателот на Украина ги повика денес, на Велигден, своите сонародници да се обединат во молитва едни за други и за војниците на првата линија на фронтот, кажувајќи дека Бог, „кој има украинско знаме на своето рамо“, ќе ги води кон живот кој ќе ја победи смртта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ