сабота, 27 јули 2024

Захарова за Сребреница: Неприфатлива демонизација на Србите

Објавено на

часот

Сподели

Демонизацијата на Србите како „геноциден народ“ е неприфатлива, изјави денес портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја 28-годишнината од злосторството во Сребреница.

„Демонизацијата на Србите е во спротивност со меѓународното право и не придонесува на постигнување вистински меѓунационален мир“, кажа Захарова, по што ја повика јавноста настаните од периодот од 1992 до 1995 година да не ги толкуваат политичарите, туку научниците и историчарите.

„Политизацијата на овие прашања само ја засилува меѓунационалната напнатост и не може да помогне во решавањето на задачите кои се однесуваат на јакнењето на мирот и безбедноста во регионот“, порача портпаролката на руската дипломатија.

Захарова истакна и дека во последните денови во медиумите во Босна и Херцеговина се пласирале различни измислици за ставот на Русија за Сребреница. „Произволните измислици за ставот на нашата земја по тоа прашање Русија ги толкува како намерна провокација на Западот“, наведе таа.

„Русија доследно се залага за објективна истрага на нелегалните акции кои биле насочени против сите етнички групи, вклучувајќи ги Бошњаците, Србите и Хрватите, со цел виновниците, без оглед на нивната национална или религиозна припадност, да бидат заслужено казнети“, порача Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ