четврток, 26 декември 2024

Захарова за Германија: Класична банана република

Официјалната портпаролка на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека главниот проблем на современиот политички систем во Германија е тоа што е класична „банана република“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Распадот на германската владејачка коалиција го откри главниот проблем на модерниот политички систем на Германија – тоа е класична „банана република“. Ниедна држава во светот не почна да ја менува сопствената влада врз основа на изборните резултати во САД истиот ден, освен Германија“, порача Захарова на Телеграм.

Захарова оцени и дека Берлин престанал да се претвора дека германската влада има независност и да лаже дека не се „гувернери на американските неолиберали во Европската Унија“.

„Берлин не беше во состојба да го зачува рускиот гас, кој е од витално значење за неговите граѓани и индустрискиот и економски комплекс, ја пропушти приликата да го задржи темпото на економски раст и совесно ја следи емиграцијата на своите индустрии и компании во Соединетите Американски Држави, сè само да е Вашингтон задоволен“, заклучи портпаролката на руската дипломатија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши во средата министерот за финансии Кристијан Линднер, наведувајќи дека ќе се гласа за доверба кон средината на јануари, што може да доведе до нови избори во март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ