петок, 26 јули 2024

Захарова: Украина подготвува провокација, очајни се, ќе нè обвинат нас

Киев планира да изврши операција која вклучува користење отровни материи од западно производство за да ја обвини Русија за наводно користење хемиско оружје, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема ништо во смисла на конкретни информации за Буча: ни имиња, ни датуми на раѓање, ни податоци за пасоши, тие едноставно не постојат. Нема ништо бидејќи целата работа беше местенка. Киевскиот режим овој пат подготвува нешто слично“, наведе Захарова.

„Можно е да организираат уште една антируска провокација со користење отровни материи од западно производство за да почнат нова кампања во структурите на Обединетите нации и светските медиуми и да ја обвинат нашата земја за намерно користење хемиско оружје“, додаде таа.

Захарова истакна дека, според достапните информации, Службата за безбедност на Украина (СБУ) е активно вклучена во подготовка на таква операција и дека за соработка ја ангажирала украинската компанија Ријалаб со седиште во Киев.

„Компанијата е специјализирана за увоз на хемиски реагенси и прекурсори. Во октомври и ноември оваа година Украина во Германија купила таканаречена мала серија триетоноламин и спој на натриум и водород кои ги произведува американската компанија Ханивел. Компанијата е американска, но се наоѓа во градот Селџ во Германија“, кажа таа.

Напомена дека триетаноламинот е вклучен во Хемискиот анекс на Конвенцијата за хемиско оружје и подлежи на годишна декларација. „Овој спој е прекурсор за синтеза на отровни материи со дермален експлозивен ефект, како водородниот иперит. Споевите на водород и натриум се исто така токсични и нивниот ефект е сличен на тој на цијанидот“, објасни таа.

„Според руските експерти, СБУ овие хемикалии би можел да ги употреби за производство на хемиско средство за изведување на ограничен чин на провокација на територијата под контрола на киевскиот режим во дострел на нашите трупи“, порача Захарова.

Според неа, поради сè поголемиот замор на светот од војната и намалувањето на финансиската и воената помош, Киев е доволно очаен да преземе какви било чекори кои украинскиот конфликт би го вратиле на насловните страници и на врвот на меѓународната агенда.

„Режимот на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски продолжува жестоко да ги извршува наредбите на своите прекуморски господари да војуваат до последниот Украинец. Тие воопшто не се грижат за последиците на ваквата операција, како што не беа загрижени ни за последиците од користењето на гранатите со осиромашен ураниум кои на режимот во Киев му ги испорача Британија. На Зеленски и целата негова банда не им се битни последиците со кои ќе се соочи нивниот сопствен народ ако оваа операција се спроведе“, оцени Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ