сабота, 27 јули 2024

Захарова со гневен пост: „Зарем паметната Лиз Трас не знае за бомбардирањето на Белград?“

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас беше во официјална посета на Сараево, а по тој повод на социјалните мрежи се огласи Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, која жестоко ги нападна НАТО и Трас.

„За време на посетата на Балканот експертката за историја и географија, шефицата на британскиот Форин офис Лиз Трас, ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина да не ѝ веруваат на Русија, која ‘малигно влијае’ на регионот. Експертите шепотат: за време на британско-босанските преговори допрена е темата на влегување на земјата во ‘единствениот европски дом’ и интеграција во НАТО. Некако е чудно да се зборува за деструктивното и неконзистентно влијание на НАТО на Балканот, но дозволете ми да ве потсетам: во 1999 година, Северноатлантската алијанса ја бомбардираше Југославија користејќи осиромашен ураниум“, напиша таа.

„Паметната Лиз Трас знае за ‘монголско-татарската инвазија на Украина’, но зарем не знае за бомбардирањето на НАТО врз Белград?“, напиша Захарова, која потоа се наврати на 13 век и порача дека во тоа време „западноевропските витези го зазедоа и ограбија Константинопол и со децении го забавуваа развојот на Византиската империја, како резултат на што таа подоцна падна и престана да постои“.

Захарова потоа наведува дека Велика Британија во 20 век била „заинтересирана за етничка нестабилност во регионот, вклучително и Косово“.

„Потоа почнаа 1990-тите, а содржината и значењето на ‘британското (и на НАТО) влијание’ на Балканот станаа очигледни во светот. Како дел од западната коалиција, Лондон ѝ беше покровител на трговијата со органи предводена од косовските милитанти и шверцот на сè во регионот, вклучувајќи и оружје. Ако во историјата на Балканот постоела сила поразорна од барутот и гранатите и посмртоносна од чумата, тогаш таа зборува на чист англиски“, рече Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ