петок, 26 јули 2024

Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе наидат на силна одмазда.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат пречекани со силна одмазда“, изјави Захарова на прес-конференција, пренесе Тасс.

„Денеска, во пресрет на 80-годишнината од ослободувањето на Крим, мостот на Крим повторно е цел на напади. Тешко е да се поверува, но подготовките за нов напад врз него сега се спроведуваат отворено. Планирани се директни напади со поддршка на колективниот Запад“, додаде Захарова.

Крим е украински полуостров кој беше илегално анектиран од Русија во 2014 година.

Според Захарова, во пресрет на прославата на Денот на победата во Русија, „киевскиот режим и неговите западни покровители планираат нови терористички напади на руска територија“, целта е овие вести „да одекнат во медиумите и да имаат пропаганден ефект“.

„Токму за овие цели, на денешен ден пред една година, тие се обидоа да извршат напад со беспилотно летало врз Кремљ“, рече таа.

Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ