петок, 18 октомври 2024

Захарова: Се гради нова Европа, но не без Евреи, туку без Руси

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе се појават нови фотографии на векот: Германците го наградуваат не(о)нацистот Зеленски за братоубиствениот масакар, укинувањето на сè руско, уривањето на спомениците на победниците на Третиот рајх, величењето на нацистичките колаборационисти, уништувањето на православието, спроведувањето на ослободувањето на „животниот простор“ на Истокот“, напиша Захарова на Телеграм.

Според неа, „тие пред 80 години не успеаја да го реализираат планот Исток (Generalplan Ost)“, бидејќи тогаш „ги спречиле советските војници, кои ги изгасија печките во Аушвиц“.

„Сега извршија корекции и поставуваат поамбициозни задачи. Заедно градат нова Европа – „Judenfrei“ (без Евреи), туку „Russenfrei“, без Руси. А овој концепт ги вклучува сите националности на повеќенационалната Русија. Фрчат крвавите награди на налогодавачите на главниот изведувач: полскиот Орден на белиот орел, наградата Карло Велики“, додаде Захарова.

Претходно германскиот весник Билд ам зонтаг јави дека е можно украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Германија во мај. Зеленски би можел да присуствува на церемонија во германски Ахен, на која ќе му биде доделена наградата Карло Велики, која се доделува секоја година за придонес во обединувањето на Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ