сабота, 27 јули 2024

Захарова: САД промовираат сè што ја уништува европската безбедност

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи го ширењето на НАТО на северноевропските земји, таа истакна дека Соединетите Американски Држави веќе долго време „промовираат сè што ја уништува европската безбедност“.

Таа наведе дека американските функционери доаѓаат во Европа од друг континент за да разговараат за безбедносни прашања, водени од, како што оцени, опортунистички интереси кои немаат врска со безбедноста на Европа.

„Тоа е она што се случи со северна Европа. Неутралноста на тие земји долга низа години им гарантираше „аура на безбедност“. Со потегот тие (Финска и Шведска) да се вовлечат во НАТО, оваа ера заврши“, порача Захарова.

Истакна дека откако ќе биде одобрен уште еден пакет вооружување, воената помош на САД на Украина ќе надмине 35 милијарди долари од почетокот на конфликтот.

„Западните земји продолжуваат да пумпаат оружје во Украина, ангажираат странски платеници низ светот и даваат сè од себе украинскиот конфликт да биде што покрвав и подолг. Прес службата на Пентагон ѝ вети на Украина 2,6 милијарди повеќе во вториот пакет воена помош. Тука влегува и муницијата за системите за противвоздушна одбрана, вклучувајќи ги системите „патриот“ и НАСАМС, како и повеќецевните ракетни системи „град“ и ХИМАРС и артилериските гранати по НАТО стандарди“, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ