сабота, 27 јули 2024

Захарова: САД го туркаат целиот регион во конфликт

Русија ги осуди американските воздушни напади во Ирак и Сирија и смета дека за ситуацијата треба да се разговара во Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека воздушните напади се намерно насочени кон дополнително разгорување на конфликтот. Со постојани напади, речиси без прекин, врз објектите на наводните про-ирански групи во Ирак и Сирија, Соединетите Американски Држави намерно се обидуваат да ги вовлечат најголемите земји од регионот во конфликтот“, изјави Захарова, пренесува Ројтерс.

САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија против повеќе од 85 цели за кои велат дека се поврзани со иранската Револуционерна гарда и нејзините милиции. Повеќе од 40 лица се убиени како одмазда за неодамнешниот напад на американската база во Јордан кога беа убиени тројца американски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ