понеделник, 20 јануари 2025

Захарова: Руската страна уште нема добиено согласност за именување нов амбасадор во САД

Руската страна сѐ уште нема добиено согласност за именување нов амбасадор во Соединетите Американски Држави, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кон крајот на ноември во медиумите се појави информација дека најверојатен кандидат за функцијата руски амбасадор во Америка би можел да биде Александар Дарчиев, шеф на Одделот за Северна Америка на руското МНР. Засега нема официјална потврда за оваа информација.

Од руското Министерство за надворешни работи за Тасс изјавија дека одамна одлучиле за кандидатурата за нов амбасадор во САД, без да го именуваат.

Назначувањето руски амбасадор во САД во блиска иднина го најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходниот руски амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, се врати во Москва откако беше разрешен од неговите должности врз основа на указ издаден од рускиот претседател Владимир Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ