четврток, 26 декември 2024

Захарова: Русија ќе ја тужи Украина за нејзината улога во терористичкиот напад во Москва

Русија ќе ја тужи Украина за нејзината улога во терористичкиот напад во Москва, кажа денес портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова за руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија планира да се обрати до Меѓународниот суд и правната документација поврзана со тоа во моментов се подготвува“, кажа таа.

Проследување на антитерористичките барања од страна на Русија до Украина е дел од задолжителната процедура, објасни Захарова ветувајќи најнови информации за следните чекори во тој процес.

Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека руските истражители нашле докази кои упатуваат на вмешаноста на Украина во терористичкиот напад на концертната сала Крокус во Москва, на 22 март, во кој беа убиени 144 луѓе.

Руското министерство за надворешни работи поднесе барање до украинската влада, во рамки на Меѓународната конвенција за сузбивање терористички бомбардирања и Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирање тероризам, со кое бара од Киев веднаш да ги уапси и предаде сите лица вмешани во нападот, вклучувајќи го шефот на Службата за безбедност на Украина Василиј Маљук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ