четврток, 17 октомври 2024

Захарова: „Планот за победа“ на Зеленски го турка НАТО кон директен конфликт со Москва

Русија го осуди „планот за победа“ кој го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека се обидува да го турне НАТО во директен конфликт со Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во својот говор Киев ги повика сојузниците да преземат итни чекори за да го зајакнат Киев во несигурниот момент во обид да стави крај на конфликтот со Русија следната година.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Мариа Захарова им кажа на новинарите дека планот кој Зеленски го претстави во својот парламент би довел во катастрофа за украинскиот народ.

„Тој го турка НАТО во директен конфликт со нашата земја“, кажа Захарова и додаде дека Зеленски не може да се потпре на своите западни партнери.

„Можам едноставно да му кажам на Зеленски, ако не е свесен… Партнерите на киевскиот режим веќе покажаа како ја гледаат Украина во безбедносната архитектура – ја гледаат Украина во ковчег и украинските граѓани во гроб“, кажа Захарова, а пренесува Ројтерс.

Русија веќе долго го обвинува Западот дека ја искористува Украина за водење посредничка војна против Москва. Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО велат дека ѝ помагаат на Украина да се одбрани од неоправдано грабање на земјата во колонијален стил.

Захарова потсети на предупредувањето на претседателот на Русија Владимир Путин минатиот месец дека Западот директно ќе се бори против Русија ако ѝ дозволи на Украина да нападне длабоко во руска територија со ракети со долг дострел испорачани од Западот.

Путин тогаш предупреди дека Москва ќе биде принудена да преземе неодредени „соодветни мерки“ во таквото сценарио.

Захарова кажа дека поради тоа Зеленски „совршено добро“ знаел до што ќе доведат неговите апели до НАТО.

Кремљ претходно денес соопшти дека е прерано детално да се коментира планот на Зеленски, но дека Киев треба да се „отрезни“ и да ја сфати бескорисноста на политиката која ја води.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ