сабота, 27 јули 2024

Захарова: Огромно мнозинство НАТО-членки ќе бидат во зоната на директeн удар ако нешто се случи со нуклеарката Запорожје

Објавено на

часот

Сподели

Воената алијанса се состанува во Литванија во вторник и среда за да разговара за широк спектар теми, вклучително и војната во Украина, поделбите околу кандидатурата за членство на земјата и зголемување на резервите муниција.

Обвинувајќи ја Украина за „систематско предизвикување штета“ на објектот, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека „на самитот на НАТО на тоа треба да му се посвети клучно внимание“. „На крајот на краиштата, огромното мнозинство од членовите на алијансата ќе бидат во зоната на директен удар“, предупреди таа на Телеграм.

И Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно дека планираат напад врз електраната, која се наоѓа на територијата под руска контрола во источниот украински регион Запорожје, во близина на линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Зеленски со денови предупредува на сериозна закана за централата, а неодамна изјави дека руските сили минирале покрив на неколку реактори. Меѓународната агенција за атомска енергија по првата проверка на објектот соопшти дека досега не виделе знаци на мини или експлозиви, но дека им треба подобар пристап за да бидат сигурни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ