сабота, 27 јули 2024

Захарова: Нема да ги штедиме спонзорите на Украина

Официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговарал со францускиот колега Себастиен Лекорну „достоинствено и службено“, а не како што го окарактеризира францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Спутник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа се осврна на изјавата на претседателот Макрон кој по телефонскиот разговор меѓу Шојгу и Лекорну рече дека рускиот министер разговарал „чудно и заканувачки“ со францускиот колега.

„Тоа не е ’чудно и заканувачки’, туку достоинствено и официјално. Прочитајте го соопштението на Министерството за одбрана на Русија. Но, Русија нема намера да ги штеди оние кои го спонзорираат беззаконието на киевскиот режим – тоа е сигурно“, објави Захарова.

Телефонскиот разговор меѓу Лекорну и Шојгу, кој беше инициран од Париз, се одржа во средата. Како што соопшти рускиот воен ресор, за време на разговорот францускиот министер „упорно се обидувал да го убеди својот руски колега дека Киев и западните земји не биле вмешани во терористичкиот напад“ на Крокус сити хол, префрлајќи ја целата вина на Даеш* (терористичка организација, забранета во Русија).

Страните разговарале и за можното испраќање на француски војници во Украина. Шојгу го предупреди својот колега за проблемите со кои ќе се соочи Париз доколку тие планови се реализираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ